Отмар е смета дека тимот мора да биде свесен за предизвиците кои ги носи подоброто финансирање и поддршка од сопствениците, во спротивно ќе ги загубат темелите на она што ја направило Форс Индија толку успешна.

Рејсинт Поинт е наследник на пропаднатата Форс Индија откако пред Белгиското Гранд При во Спа лани, Лоренс Строл со конзорциум инвеститори го превзема тимот кој беше во постапка на администрација. Финансиските проблеми го оставиле тимот без планираните новини за лани, но сепак истите стигнаа кон крајот на сезоната штом стигнаа свежите пари од новите газди.

една работа која одлично ја правиме е ефикасноста, тоа значи со ресурсите кои ги имаме, создаваме одлични резултати, едноставно. сега ресурсите се значително поголеми и резултатот мора да биде пропорционално поголем, но тоа носи ризик.

секогаш им кажувам на луѓето дека дури иако имаме поголеми финансиски ресурси можеме да ја загубиме ефикасноста, така што истата мора да остане иста. ако тоа го оствариме, со поголеми ресурси ќе имаме многу подобри резултати. поради тоа мораме да се осигураме да не ја загубиме ефикасноста, а тоа не е лесно кога имате на располагање многу повеќе пари.

сум бил на места каде тимовите бркале колку што може повеќе развојни делови, но и тоа е погрешно затоа што со ограничени човечки ресурси, не може секогаш да се погоди вистинскиот пат – објасни шафнауер.

Американецот појасни дека старата Форс Индија едноставно не можела да си дозволи да произведе одредени делови, иако нивниот технички тим предводен од Ендру Грин во 2016 и 2017 година го донесе тимот на 4то место во поредокот.

мораме да се осигураме дека не смееме да почнеме да бараме придобивки насекаде, но тоа нема да биде лесно. ако сме секогаш свесни за ризиците, ќе научиме да го фокусираме развојот во добра насока.

Се очекува поддршката од новиот Конзорциум кој застана на чело на тимот да биде поосетлива по 2019 година затоа што дизајнот на болидот за оваа сезона е почнат уште од страна на Форс Индија, од првиот дел на 2018 година. Но, Отмар смета дека сезонава ќе ја почнат во подобра форма откако лани константно одложуваа одредени развојни делови.

не донесовме неколку новини и подобрувања иако го спроведовме целокупното учење. тоа повеќе нема да се случи, во австралија ќе го имаме нашиот тркачки болид кој го дизајниравме и развивме, а не болид за тест или болид за промоција.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.