На крајот на неговата деби сезона како тимски шеф на Форс Индија, Отмар Шафнауер успеа да ја обезбеди седмата позиција во генералниот пласман на конструктори.

Тимот беше под закана од Заубер и нивниот возач Шарл Леклер во последната трка во Абу Даби, но тие ја задржаа својата позиција благодарејќи на Серхио Перез, кој стигна до 8то место, а тимот освои вкупно 52 поени во сезоната.

Главниот приоритет во трката беше да се освојат поени и да се потврди седмата позиција во пласманот, што успеавме да го постигнеме благодарејќи на Серхио и неговото осмо место.

Стартот со ултрасофт пневматици дефинитивно беше оптималната стратегија, а силен прв круг беше клучен за конечниот резултат.

Естебан имаше одлични битки во трката, но за жал изгуби притисок во маслото и мораше да се откаже. Двајцата возеа добро, како и во целата сезона, а на крајот завршивме со позитива – изјави Шафнауер.

Форс Индија продолжија со тестот на Пирели во Абу Даби, на кој возеше нивниот нов возач, Ленс Строл, поставувајќи го третото најбрзо време, 1:37.415. Перез комплетираше 67 кругови, поставувајќи времиња со пневматиците планирани за 2019 година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.