Првиот човек на Рејсинг Поине, Отмар , откри дека екипата ја почнала сезоната многу лошо поради се поголемите финансиски проблеми проблеми кои на крајот доведоа до паѓање на компанијата во постапка на администрација во Јули, за време на летната пауза.

Уште во Март пред почетокот на првенството тимот морал да користи стари делови од претходниот болид во текот на трките поради тоа што за нов развој на одредени делови требало дополнителни средства.

не ја почнавме сезоната со болидот со кој планиравме затоа што немавме доволно средства за нови делови, а финансиската состојба на екипата беше лоша уште пред почетокот на првенството.

создадовме болид за зимските тестови, но тоа беше проден болид кој сакавме да го подобриме пред првата трка во мелбурн, но не успеавме да го оствариме тоа. ја почнавме сезоната со болид кој беше наменет само за тестирање, што никако не може да биде добро, промена не можевме да направиме во добар дел од сезоната, а перформансите го покажаа тоа.

перформансите во првиот дел не беа каде што требаше да бидат, не освоивме многу поени, а финансиите не изгледаа како да ќе добиеме шанса да се развиеме. лично за мене ова беше најстресна година, а стресот доаѓаше од несигурноста што ќе се случи со екипата поради лошата ситуација со финансиите – објасни отмар.

Кризната точка беше постигната пред Унгарското Гранд При кога возачот Серхио Перез покран административна постапка против компанијата поради несолвентност, односно неможност за сервисирање на обврските.

штом копчето за административна псотапка беше притиснато од чеко, несигурноста почна дополнително да расне, но за среќа тоа беа само неколку недели. потоа дојдовме од другата страна со успешно завршена административна постапка, нови акционери и свежи финансии за работа.

Деловните активности во тој период биле водени од администраторите, а Шафнауер бил строго сконцентриран во задржување на персоналот во екипата.

улогата која ја одиграв беше да ги задржам вработените во тимот заедно, затоа што формула 1 екипа не се купува без фабрика или без вработени. не загубивме никого, нити еден вработен не замина, тоа беше многу добро, но беше премногу тешко да се направи затоа што најдобрите луѓе ги знаат и во другите екипи и веднаш почнуваат со понуди. нашите вработени имаа понуди од екипи како мекларен, вилијамс и рено, но и некои други.

беше тешко да се задржат сите со толку несигурна иднина и период во кои другите екипи им нудеа сигурна работа и загарантирана иднина. но, успеавме во тоа, сите останавме заедно и обединети и на крајот конзорциумот предводен од лоренс строл кој беше науспешен наддавач го доби тимот.

Со парите кои во тимот ги донесе Строл, екиапта размислува како да ја одобри инфраструктурата која веќе е стара за формула 1 стандардите, со цел да се остане конкурентен во тркачката серија и следната сезона.

не смееме да ги тргнеме од размислувањата од работи како нова фабрика, дизајн, производство и развој на болид. сум бил сведок како некои екипи одлучиле да инвестираат во нов воздушен тунел или нова фабрика, а перформансите на болидот страдале.

истите они кои треба да ја дизајнираат фабриката се оние кои работат на болидот, а две работи во исто време не може да се прават. проади тоа мораме да бидеме многу претпазлици, настојуваме да ги подобриме објектите и инраструктурата, но без да наштетиме на болидот.

мислам дека и следната година средианта од поредокот ќе биде многу конкурентна. видовме дека хаас беа многу добри сезонава, а рено завршија на 4то место. торо росо ќе делат многу делови со ред бул следната година, исто како и моторот на хонда, тсака што средината ќе биде интензивна.

се надеваме дека и ние ќе бидеме во раа борба и ќе бидеме успешни и при врвот, а секако дека се надеваме да си го вратиме 4то место – заврши шафнауер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.