Отмар Шафнауер, шефот на Рејсинг Поинт, сака Ф1 тимот да продолжи со ефикасноста, иако сега се во далеку подобра финансиска позиција.

Тимот беше присилно испратен во администрација од страна на Серхио Перез минатото лето, додека ситуацијата беше разрешена од група на инвеститори предводени од Лоренс Строл пред Белгиското Гранд При во Август. Со новите финансии, Рејсинг Поинт се фокусирани кон подобрување на своите објекти и перформансите на болидот во блиска иднина, во обид да се вратат во топ 4 во првенството.

И покрај нискиот буџет, Форс Индија имаа одлични перформанси, над очекувањата и се пласираа на 4то место во 2016 и 2017 година, но имаа проблеми со болидот на почетокот од 2018 година. Тимскиот шеф Шафнауер, ја истакна својата желба да продолжи со ефикасноста.

Сум го рекол тоа на сите, иако нема да имаме финансиски проблеми како порано, Не смее да ја загубиме нашата ДНК, односно да ги завршиме работите ефикасно.

Не смееме да ја загубиме таа ефикасност. Не е важно кој сте, буџетот е ограничен, немаме неограничени средства.

Сеуште имаме ограничувања. Само ќе бидеме во ситуација да ги исплатиме снабдувачите на време – изјави Шафнауер.

Рејсинг Поинт завршија на седмо место во првенството, откако ги изгубија сите поени освоени пред Белгиското Гранд При. Отмар исто така посочи дека Рејсинг Поинт е само привремено име за тимот, додека новото не е се финализира.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.