Вилијамс ФВ14Б со кој Најџел Мансел стана Формула 1 првак во 1992 година ќе биде понуден на аукција од страна на Bongams на овогодинешниот Фестивал на брзината во Гудвуд.

Понудениот Вилијамс возен од Најџел победил 5 пати од вкупно 9те победи до кои стигна таа сезона. ФВ14Б е револуционерен поради обемната електроника, контролата на тракцијата и активната суспенција. Во Гудвуд пред две години болидот го возеше Карун Чандхок, официјален возач на делот за историски автомобили на тимот од Гроув.

ова е фантастично, овој болидт придонесе најмногу за освојување на титулата во 1992 година. се работи за фантстичен дизајн на адриан њуи со изуми кои до ден денес се релевантни така што ова е еден од најважните гранд при болиди кои некогаш се појавиле – изјави марк осборн од Bonhams.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Bonhams во Монако лани ја продаде шасијата со број 6 од Мекларен МП4/8с од 1993 година, болид со кој Аиртон Сена стигна до својата 6та и последна победа во кнежевството. Во исто време, беше продаден и Толеман Харт ТГ184-2 со кој бразилецот стигна до славната дождлива трка во Монако во 1984 година.

Шпекулациите велат дека Мекларенот го купил Берни Еклстон за 3,6 милиони фунти што е помалку од досега рекордните 5,7 милиони евра платени за Формула 1 болид кога Sotheby’s во Њу Јоек во 2017 година го продаде Ферари Ф2001 на Михаел Шумахер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.