Чујте и почујте: Луис Хамилтон пропеа

3317
   

Добро е позната импресионираноста на Луис Хамилтон со музичкиот шоубизнис, но четирикратниот и актуелен Формула 1 првак отиде и чекор понатаму правејќи го своето музичко деби.

Неговото музичко име е “pseudo XNDA“, а дебито му е со никој друг туку поп ѕвездата Кристина Агилера на нејзиниот последен сингл “Pipe“. Сепак, возачот на Мерцедес пред медиумите во Австрија одби да открие дали неговиот глас се наоѓа на песната.

На последната трка реков дека тоа е нешто за што не сакам да зборувам. Исто е и тука каде сакам да се фокусирам само на освојување титула – изјави Хамилтон.

Синглот е носечки на новиот албум на Кристина Агилера, нејзин прв по пауза од 6 години. Исто така, пејачката беше гостинка на Хамилтон во Баку годинава.

Внимавајте на 2:40.


Чујте и почујте: Луис Хамилтон пропеа

4 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>