Поранешниот Ф1 возач, Карун Чадхок, смета дека Рено не се подготвени целосно да го искористат возачот од “А“ класа, Даниел Рикардо, додека се обидуваат да се пласираат себе си како четвртта најдобра екипа.

Австралијанецот ја шокираше Формула 1 минатото лето кога одлучи да ги напушти Ред Бул и да премине во Рено, екипа која сеуште ја гради својата основа.

Иако преминот беше поздравен со многу ентузијазам во Енстоун, Чадхок верува дека тоа се случило една година прерано и за возачот и за екипата.

Најверојатно е една година прерано за нив додека да се подготват за возач од врвно ниво. Мислам дека добра година за нив е четвртто место и можеби случаен подиум за да се зацврстат на таа позиција.

Минатата година тие не беа јасно пред Форс Индија или Хаас во однос на форма, а оваа година мора да го направат тоа. Тие се фабричка екипа и на пат да станат врвен тим, така што мора да се постават себеси цврсто на четвртто место.

Форс Индија има нова инвестиција и нови финансии, Хаас имаа одлична сезона и ќе го надополнат тоа со поголема соработка со Ферари.

И Мекларен и Вилијамс ќе имаат подобри години, а Торо Росо соработуваат многу поблиску со Ред Бул одколку во минатото, а потоа тука се Заубер и Кими Раиконен.

Средината беше многу тесна минатата година и ќе остане тесно, но не верувам дека некоја од средните екипи ќе ја намалат разликата со врвните три во 2019 година – вели Чадхок.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.