Хулк ќе се бори во средината

81

Нико Хулкенберг ќе ја вози својата 150та трка во Формула 1 претстојнио викенд во Сингапур и верува дека неговиот тим ќе се бори за победа над останатите тимови од средината на поредокот. Тој за прв пат стартуваше во 2010 година возејќи за Вилијмас на трката во Бахреин.

Осум години подоцна и 149 трки зад себе тој го држи најнепосакуваниот рекорд за најмногу трки без подиум и би сакал тоа да го промени.

Го држам рекордот за најмногу трки без подиум, но тоа е само бројка во овој момент и мислам дека имам предизвик за борба во средината и позитивен резултат во Сингапур.

Тој нема некој посебен резултат од досегашнтие настапи на Марина Беј, а сега со казните кои ги имаше на Монца може полесно да дојде до резултат.

Направивме се што можевме од крајот на гридот и задоволен сум со тоа. Добро е што имавме поени на патека која бара силен мотор како Монца. Се надевам дека завршивме со казни и одиме со полна сила во Сингапур и чекаме поени со двата болида.

Ова е посебна трка бидејќи е единствена ноќна на календарот. Тркање под рефлектори е чудно. Објектите покрај патеката се доста добри и ова е посакувано место на календарот.


Booking.com

Хулк ќе се бори во средината

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>