Хулк по нови поени

125

Возачот на Рено, Нико Хулкенберг по завршувањето во топ 10 во Монако цели на повторување на резултатот и во Канада.

Германецот уживаше на три трки, но подоцна беше жртва на грешка во Азербејџан и околностите во Шпанија.

Тешко заработеното осмо место во Монте Карло минатиот викенд го врати на вистинскиот пат.

Се вратив откако го пропуштив К3 во Монако, и со различната стратегија дојдовме до добри поени на трката. Мислам дека имав добар викенд и важно е за тимот двата болида да бидат во топ 10. Тоа што го направивме треба да го направиме во Монтреал а можеби и понатаму.

Монтреал бара крајна брзина и баланс на шасијата, а Хулкенберг се надева на нов надграден мотор.

Канада е само за крајна брзината и вистински баланс на потисна сила. Има долги правци и тешки зони на кочење. Можеби е најтешка патека за сопирачките и треба да се стекне доверба од круг во круг да се запира подоцна. Возење по тротоари е важно за побрзо време во Канада.

Шансите за престасување се ограничени, но последната шикана е одлично место да се направи тоа. Тоа е местото каде правите добар круг или го уништувате. Статегијата ќе биде интересна бидејќи ќе возиме на хиперсофт како во Монако. Има добри опции и мислам дека ќе има добри времиња по круг.


Хулк по нови поени

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>