Нико Хулкенберг смета дека нема шанси еден ден да стане дел од трите најдобри екипи на гридот, но тоа не значи дека се откажал од успех во Формула 1. Германецот ја почна својата Гранд При кариера во Вилијамс во 2010 година, а по 8 години и 14 трки, тој сеуште нема подиум.

Скептичен дека еден ден ќе станам дел од најголемите три екипи, реален сум кога го велам тоа. Мислам дека во сечија кариера постојат шанси и можности, но јас не гледам дека најголемите екипи имаат апетити за мене – изјави Нико за Sky F1.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Хулкенберг дојде во Рено на почетокот на миантата година од Форс Индија и верува дека францускиот фабриички тим има способност да стане дел од најдобрите.

Јас сум заинтересиран да постигнам најголеми успеси со Рено и работиме кон тоа. Се обидуваме да го избориме нашиот пат кон врвот, но за тоа ни треба уште време. Ако го дадеме најдоброто од себе и ја победиме средината од поредокот, со тек на време ќе станеме дел од “големите момци“.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.