Хулк сака да ја задржи добрата форма на Силверстон

54
   

Германецот Нико Хулкенберг сака да ја продолжи низата од добри резултати на Силерстон претстојниот викенд. Тој успеа да дојде до поени на секоја од трките во Англија на кои учествувал од 2012 година. Својот дебитантски настап за Форс Индија го заврши на 9то место, а лани ја искористи дупнатата гума на Ветел и дојде до 6та позиција.

Силверстон е патека која одговара на мојот возачки стил, големи и брзи кривини, многу потисна сила што бара храброст за да се извади макимум од болидот. Дефинитивно е охрабрувачки да се има добра серија во Силверстон, а јас имам 5 завршени трки во поени по ред таму така што би сакал викендов да дојдам до мојата 6та.

Патеката е неверојатно поради тоа што е многу брза. Старата комбинација од Маготс, Бекетс и Чапел е навистина кул и пребрза во Формула 1 болид од денешната генерација. НАвистина се чувствуваат силите кога минувате таму, тешко е, а физичкиот предизвик е огромен

Наоѓање на добар и брз баланс е многу важно за да се извадат максимални перформанси. Силверстон е добар предизвик и круг кој бара многу физичка сила, но ако го комплетирате како што треба, задоволството е огромно – најави Нико.

Германецот сака добар резултат за крај на првите три врзани трки во историјата, но и поради тоа што оваа трка ќе биде реално втора домашна за Рено. Неговото 6то место лани заедно со одличните квалификации му дава поттик дека може да заборави на фрустрирачката претходна трка.

Имаме можност брзо да се вратиме во поени по фрустрирачката за нас Австрија. Имавме неколку недели полни со работа и имам за цел одлучен резултат. Велика Британија е една од историските Гранд При трки каде корените на тркањето се гледаат секаде. Атмосферата е посебна, а тоа ве мотивира. Трибините секогаш се полни во текот на викенд што е одлично да се види и доживее.

Силверстон ќе биде втора домашна трка за екипата и тоа носи дополнително значење и мотивација. Уживавме во добар резултат тука лани, моите најдобри квалифкации и најдобар резултат – заврши Хулк.


Хулк сака да ја задржи добрата форма на Силверстон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>