Нико во својот нов колега, Даниел Рикардо, гледа шанса да се докаже во Формула 1, смета Извршниот директор на Рено, Марцин Будковски.

Германецот е сопственик на рекордот на најмногу трки без финиш на подиум, а минатите години во фабричката екипа на Рено возеше како колега на Џулион Палмер и Карлос Саинз. Високо ценетиот Хулк против себе ќе има победник на трки оваа сезона, за прв пат во својата кариера.

карлос добро го притисна нико лани и бевме задоволни од нашинот на кој работеа нашите возачи. хулкенберг сега ќе го има даниел во тимот, возач кој има репутација на многу брз тркач, одличен претекнувач и победник на трка, така што нико добива можност да се покаже и докаже против него.

тој не беше воопшто несреќен што некој од калибарот на даниел доаѓа во екипата, напротив, беше пресреќен. тој гледа огромна можност да се докаже и да покаже за што е способен – откри будковски.

Внатрешната битка помеѓу Хулкенберг и Рикардо сигурно ќе биде една од најинтересните за следење годинава.

ќе имаме интересна соработка помеѓу двајцата возачи кои никогаш не возеле заедно, но се одлични. не очекувам никакви проблемми од нивниот меѓусебе однос, туку сосема спротивно – заврши марцин.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.