Хулк гледа само кон Шпанија

93

Нико Хулкенберг сака да заборави на случувањата од Азербејџан и да се посвети на многу попознатата патека крај Барселона и Големата награда на Шпанија. Германецот заврши во оградата во 11от круг кога беше на 4то место зад својот колега.

Сите имаме лоши денови. Она што се случи беше несреќа, но такво е тркањето и така одат работите. Време е да се ресетираме и да се фокусираме на Шпанија каде сакам да се поправам.

Барселона е сосема поинаква патека од Баку и многу позната на возачите поради многу часови тестирање минати на истата.

Првите неколку кривини се речиси како една голема кривина и се минуваат доста брза. Мора да го пренесете моментумот низ овие кривини, во спротивно целиот круг ќе немате брзина. Вториот сектор исто така содржи добар десен свиок како и одличен правец. Последниот сектор е најтесен и најтехнички, вртлив и бавен, особено на последната шикана. Мора да го погодите апексот за да имате добро време.

Иако патеката е повеќе од позната, тестирањата во Февруари и Март минаа во многу постудено време, а првите 4 денови дури имаше и снег. Претстојниот викенд ќе биде далеку потопло, асфалтот многу позагреан.

Барселона и околината се многу кул за посета и добивате соодветно чувство за Шпанија таму. Градот е крај морето со многу ресторани и места за разонода. На трката секогаш има многу навивачи и секогаш е една од најгласните. Одлично искуство и ми се допаѓа страста на шпанците.


Хулк гледа само кон Шпанија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>