Нико очекува неговиот нов колега, Даниел Рикардо, да донесе значајно техничко знаење во Рено, нешто што го научил за време на својот престој во Ред Бул.

Правилата во тркачката серија за оваа година се дополнети во аеродинамичкио дел, но и покрај тоа германецот верува дека Дани може многу да помогне.

ние возачите не сме инженери, нити аеродинамичари. сигурно дека не може да каже како да се направи крило, но може да помогне как оработеле различните системи за сетирање на болидот на ред бул.

сигурно има некои корисни информации од ред бул за нас кои ќе бидат интересни. тој ќе донесе свежина во тимот во обидот да се приближиме до водечката тројка – изјави нико за Auto Motor und Sport.

Аеродинамичките промени се направени со цел да се подобри претекнувањето со користење на мнгогу поедноставно, но поголемо предно крило, поедноставени делови за ладење на сопирачките како и поголемо задно крило. Сеуште е рано да се каже дали новините ќе донесат резултати.

за новите предни крила никој не може со сигурност да каже што ќе донесат, но не се работи за целосно ресетирање на правилата, туку само за мало подесување. како фабричка екипа секако дека наша цел е да се доближиме до оние пред нас.

последните некоку трки бевме 1-2 секунди зад врвните екипи и мораме да ја преполовиме таа предност. и на ферари и ред бул им требаше време да ги стигнат мерцедес, истото ни е потребно и нас. денеска никој не влегува во формула 1 и не победува веднаш, се е премногу комплексно и сложено, а најпрво треба да се најдат вистинските луѓе, а за тоа треба време – заврши хулкенберг.

 


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.