Хулкенберг: Хаас, а не Мекларен, се наши најголеми конкуренти

141
   

Американски Хаас е само три поени пред Мекларен, но Нико Хулкенберг смета дека тие се најголема закана за Рено во борба за епитетот “најдобри од останатите“. Французите до сега имаат 70 поени по првите 10 трки од првенството и предност од 19 поени пред Хаас кои се зад нив.

Но, доколку Хаас ги искористеше шансите кои ги имаше сезонава, ќе имаше далеку повеќе поени на своето конто и ќе беа многу посериозна закана за Рено.

По последните неколку тркачки викенди, станува јасно дека Хаас ни стануваат главни конкуренти. Тие се посериозен конкурент одошто Мекларен кои излгеда како да загубија ритам. Мораме да ги сфатиме сериозно затоа што се многу брзи.

Како стигнаа да бидат толку брзи и како стигнаа толку блиску до нас не е битно, но силни се и мораме да се справиме со нив. Целосно го искористија својот потенцијал во Австрија, но претходно пропуштија многу шанси.

Моментумот понекогаш се менува, но на крајот на денот имаат силен пакет и мораме да ги сфатиме сериозно – смета Хулк.


Хулкенберг: Хаас, а не Мекларен, се наши најголеми конкуренти

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>