Хулкенберг: Тежок викенд, особено кога немате вина

56

Нико Хулкенберг имаше тешко Шпанско Гранд При откако беше елиминиран уште на 3та кривина од првиот свиок од Роман Гросжан кој неконтролирано се вртеше по патеката. Германецот не завршува втора трка по ред, откако во Азебрбејџан поради сопствена грешка заврши во оградата крај патеката.

Нико имаше проблеми и на квалификациите кога поради проблеми со притисокот на маслото во моторот не можеа да дојдат до израз вистинските перформанси на неговиот РС18 болид од Енстон. Сепак, одлична трка за екипата имаше Карлос Саинз кој финишираше на 7мо место.

Не беше чисто на првите две кривини, а на третата стана уште полошо. Видовм болид кој беше извртен пред мене и видов многу чад.

Се се случи многу брзо и не можев никако да го одбегнам Гросжан кој се вртеше “во рикверц“ право на мојот болид. Штета, затоа што бевме конкурентни, имавме добар ритам и мислам дека ќе дојдевме до добар резултат.

Тешко се проголтува ваква трка особено кога не е ваша вина и не може ништо да направите. Ќе се обидеме повторно за две недели – искоментира Хулкенберг.


Хулкенберг: Тежок викенд, особено кога немате вина

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>