Хулкенберг со пофалби: Рикардо може да постигне се

145

Нико Хулкенберг е подготвен за предизвикот кој го носи новиот нов тимски колега, Даниел Рикардо, кој пак се приклучува на Рено од 2019 година и смета дека австралијанецот е возач кој може да постигне се.

Рикардо и Рено го шокираа Формула 1 светот откако објавија двогодишен договор почнувајќи од 2019 година, по неколку месеци исполнети со шпекулации во кои примарна улога имаа Мерцедес, Ферари и Мекларен како можни дестинации.

Хулкенберг, кој официјално преку Твитер му посака добредојде на Рикардо, исто така изјави за германски Bild, дека е возбуден што ќе работи заедно за толку широко почитуван возач.

Даниел е одличен возач и човек кој може да постигне се. Не морам да се кријам од предизвикот кој ме очекува оваа сезона, но за мене, да имам толку одличен тимски колега, е само позитивно, но исто така покажува и колку сериозни се Рено, што превземаат возач од врвните три екипи – вели Хулкенберг.

Одлуката на Рикардо ќе влијае над пазарот на возачи, а Ред Бул најверојатно ќе гледаат кон Саинз, додека Шарл Леклер се очекува да замине од Заубер и да го замени Кими Раиконен во Ферари.


Хулкенберг со пофалби: Рикардо може да постигне се

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>