Хулкенберг смета дека Ф1 е “мрднеш губиш“

171
   

Возачот на Рено, Нико Хулкенберг беше неочекувано многу искрен во врска со својата екипа по разочарувачкото Руско Гранд При. На квалификациите фабричката екипа беше за 1,6 секунди побавна од Ред Бул кои ги користат истите мотори, а на крајот на трката Хулк финишираше на 12то, а Карлос Саинз 5 поеизии подоле.

Ако мрднеш – губиш, таква е Формула 1. Немавме ритам, немавме брзина и бевме премногу бавни. Имавме добра и чиста трка, добро ја спроведовме стратегјиата, но ни тоа не ни го донесе очекуваниот резултат. Во моментов нашиот пакет не е доволно конкурентен – смета Нико.

Во иста насока размислува и Амбасадорот на брендот, Формула 1 легендата Алан Прост.

Не напредуваме, всушност пореално е да се каже дека во одредени области назадуваме, додека сите одат напред со своите мотори. Тешко е затоа што немаме планирано многу новини до крајот на сезоната како на шасијата така и на моторот поради фактот што целосно се фокусиравме на 2019. Мораме да бидеме реални и да анализираме што се случи за да не дојдеме во иста ситуација.

Подготовките за следната сезона одат одлично, но свесни сме дека нема да можеме да ги стигнеме останатите за една година. Сакавме да бидеме поблиску до топ 3 во вториот дел од сезоната, но не сме таму и свесни сме за тоа.


Хулкенберг смета дека Ф1 е “мрднеш губиш“

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>