Нико Хулкенберг откри дека се обидел да стигне до поени во Италија и дал се од себе на Монца, но не успеал и на крајот заврши на 14то место. Возачот на Рено почна од последниот ред како последица од новиот мотор и казната поради инцидентот на стартот во Белгија и бил свесен дека ќе биде многу тешко/.

Секогаш е тешко кога почнувате од позади, но задоволен сум со резултатот од Монца. Дадовме се од себе, се обидовме да дојдеме до поени со долга серија на софт по рано влегување во бокс, но не успавме и моравме да се откажеме од таа сратегија – појасни Нико.

Прекумерното абење на софт компонентата изненади многу возачи, а германецот е задоволен што во Монца милан без никаков инцидент.

Трошењето на гумтие беше прекумерно и по 40 извозени кругови долгата серија не ми се исплатеше. Среќен сум и задоволен што стигнав до крајот и го видов карираното знаме. тешко е да се напредува кога почнувате последен, но мроа да гледаме на позитивните работи и да се насочиме кон Сингапур.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.