Нико е горд на развојот кој го има неговиот тим Рено откако тој е дел од Енстон од почетокот на 2017 година.

Фабричката екипа заврши на 6то место во 2017 година, а лани беа најдобри од останатите, веднаш зад водечката тројка.

Базата во Енстон претрпи силни ивнестиции, од РС19 се очекува многу, а моторот велат дека е најдобар до сега. Германскиот возач очекува напредокот да продолжи и тој конечно да ја заврши сушата од 156 трки без подиум.

Тимот покажа дека е сериозен и летово откако го донесе Даниел Рикардо во своите редови.

како екипа се развиваме многу од почетокот на 2017 година и сето тоа е дел од долгорочната стратегија и цел.  кога пристигнав, инфраструктурата беше млада, но одтогаш навистина многу е направено – објасни хулкенберг.

Рено лани беа на врвот на страшно конкурентната средина од поредокот и силната форма на крајот од календарот им донесе 4то место со 29 поени во однос на конкурентите од Хаас.

31-годишниот германец заврши на 7мо место во возачкиот поредок и беше најдобар возач надвор од водечката тројка.

сакам да извлечам максимум од себе и својот потенцијал и да го искористам тимот и болидот.

важно е како екипа да напредуваме секогаш и да иамме се подобри резултати и константност. трендот на напредок мора да продолжи, а развојот не смее да престане.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.