Нико Хулкенберг имаше судар на почетокот од Т2 сесијата во Бразил, а потоа откри дека направил само мала грешка.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Германецот се изврте и заврши во оградата на 12та кривина, Жункао, неколку минути по почетокот на сесијата, излезе на тревата со десниот дел од болидот, загуби контрола и го уништи целиот десен дел од РС18.

излегов малку прешироко од последната кривина, бев премногу на тротоарот, веројатно сакав да добијам премногу. болидот загуби контрола и тоа е тоа, бев само патник, излегов на тревата и грип повеќе немаше. беше неизбежно да завршам во ѕидот, се се случи многу брз, штетата е голема и немав добар ден – кусо објасни хулк.

Германецот се мачеше со балансот на својот болид во текот на денот, но смета дека тоа не влијаело на никаков начин во несреќата.

тешко е да се најде баланс овдека особена на последната кривина затоа што е тешко, веќе комплетирате цел круг, гумите се загреани, а грипот веќе попушта. но и порано сум “го јавал“ тротоарот, овој пат бев преагресивен.

Вторите 90 минути во Бразил значеа само 6 кругови за Нико пропуштаји го средниот дел од сесијата кога се работи симулација на квалификации и последниот дел кога се работи традиционално симулација на трка. Тој смета дека е добро привикнат на болидот и дека пропуштената сесија нема да му одземе многу во подготовките.

секако дека не е добро што ги пропуштив долгите и кусите серии, но убеден сум дека не го уништив викендот. веќе сме при крајот на сезоната, одлично го познавам болидот и како реагира и знам дека сме во добра форма – заврши хулкнеберг.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.