Хулкенберг: Добив повеќе од тоа што посакав

76

На неговата домашна трка во Германија, Нико Хулкенберг стигна до најдобриот резултат досега во сезоната и притоа истакна дека не можел да посаква повеќе од одличната трка во Хокенхајм.

Германецот ја заврши трката на петто место, како “најдобар од останатите“.

Да, многу сум среќен. Првата половина од трката беше прилично вообичаена, помалку досадна, но кога пристигна дождот, се беше во наша полза.

Не беше лесно, се обидов да останам на патеката и тука ја подобрив позицијата. Многу сум среќен со резултатот. Добри поени, мислам дека беше најдобар финиш на домашна трка. Не би можел да посакам повеќе. Би сакал временските услови да повеќе хаотични, но и ова е доволно – вели Нико.

Возачот на Рено истакна дека дождот бил променлив во текот на трката, што ја направило истата мошне тешка.

Да, драматично беше. Ме потсети на Бразил во 2012 година кога имавме слична ситуација и постојано бевме на работ  да останеме на патеката, да не влегуваме во бокс. Трката ме потсети многу на тоа. Ги донесовме правилните одлуки и затоа заслуживме да бидеме на петто место – додаде Хулкенберг.


Хулкенберг: Добив повеќе од тоа што посакав

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>