Германскиот возач на , Нико Хулкенберг смета дека Бразилското Гранд При има се што е потребно, фантастичната патека на Интерлагос, посебната атмосфера во Сао Паоло како и лудите Формула 1 фанови.

Француската фабричка екипа ја продолжува борбата за најдобар тим надвор од топ 3 следниот викенд, а американски Хаас мора да даде се од себе и да заврши пред нив доколку сакаат да го освојат 4то место кај конструкторите. Во исто време, Хулкенберг е на 7мо место кај возачите по одличниот пласман на Мексиканското Гранд При.

мексико беше позитивно за нас, менаџиравме гуми, се трудевме да промениме само еднаш, имав добра предност пред карлос и имав чиста и непречена трка.

знаеме дека последните две трки ќе бидат предизвик, но е секогаш забавно и проади тоа сум нетрпелив да се тркам таму и да го зацврстам моето 7мо место кај возачите, како и 4то кај конструкторите за рено – најави хулк.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Најдобриот момент во кариерата на германецот дојде токму во Бразил откако во својата дебитантска сезона во 2010 година, како возач на Вилијамс, освои пол позиција.

беше неверојатно и една од оние сесии каде сите работи се погодија и склопив совршен круг во променливи услови. тоа е нешто што никогаш нема да го забравам. Исто така, две години подоцна водев во бразил 30 кругови и навистина немав среќа да завршам на подиум. Водев и во 2014 година кусо време. тоа е патека кој очигледно ми носи добри резултат така што повторно сметам дека ќе бидам конкурентен и годинава.

Големата награда на Бразил ми е омилена трка на календарот. сао паоло е навистина кул град со фантастична атмосфера, луд на свој начин, но тоа ми се допаѓа.

интерлагос е во градче во кое луѓето се луди за моторспортот, во земја луда за моторспортот со фанови луди за моторспортот, така што има се што треба за викенд за паметење – се присетува нико.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.