Храбра одлука и признание дека новините на болидот не работат како што треба е клучно во враќање на Скудерија Ферари на победничките патеки кон крајот на сезонава.

СФ71Х имаше нов аеродинамичкли пакет од Сингапур и истиот се користеше и на трките потоа, но во Америка италијанците се решија да го отстранат и да се вратат на она што го возеа претходно. Тоа му донесе победа на Кими Раиконен и одлични перформанси и на следната трка во Мексико.

Тимот на петочните тренинг сесии на последните два тркачки викенди го користи новиот пакет и новиот под со цел да се дознае каде погрешиле и како може да се отстранат проблемите, а Џок изјави дека признанието дека тргнале по погрешен пат било клучно.

оваа сезона не бевме во добра позиција на секој тркачки викенд, но позитивно е тоа што разбравме зошто. по неколкуте трки каде бевме неконкурентни, се вративме во Остин и бевме доволно храбри да отстаниме делови од развојот на кој работевме долго време.

тоа е нешто што сакаме да го имаме од сега, луѓе кои се доволно храбри да кажат да погрешивме. се вративме назад, разбравме тоа што требаше да се разбере и во остиј дојдовме да победиме на трка, а бевме многу конкурентни и во мексико така што тоа е многу позитивно – смета клиар.

Ферари сигурно нема да се трка со новиод под, иако на првата тренинг сесија во Бразил повторно го пробаа истиот, како и некои нови експериментални делови.

носиме аеродинамички подобрувања и нови делови на секоја трка годинава и поради тоа имаме многу опции и податоци врз база на патеките и на тој начин се обидуваме да најдеме најдобра комбинација. потизивно е дека произведуваме нови делови, воздушниот тунел ефикасно произведува нови делови за нас кои ги користиме на секоај трка.

како инженери на трка наша работа е оперативно да извадиме најмногу од деловите кои ни се дадени. на пример, на првата сесија правевме споредба помеѓу двата подови, двете предни крила, странични крила и слични работи. потоа одлучуваме која комбинација ни носи најдобри перформанси и со која ќе продоолжиме. тоа е нормалн оза нас – заврши клиар.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.