Макс Верстапен е возачот од кого најмногу се плашат Луис Хамилтон и Себастијан Фетел во текот на сезоната, изјави Кристијан Хорнер.

Младиот холанѓанец победи на две трки оваа година, а третата победа му беше одземена откако водеше на трката во Бразил се до сударот и ја заврши сезоната на четврта позиција.

Хамилтон оваа година победи на 11 трки и ја освои титулата додека Фетел победи пет пати.

Доколку ги видите перформансите на Макс во втората половина на сезоната тој има освоено најмногу поени по Луис. Не мислам дека му недостасува нешто, само треба да му обезбедиме алат за работа. Мислам дека тој е возачот од кого сите се плашат – смета хорнер.

Верстапен беше најмладиот возач кога го имаше своето деби за Торо Росо и е најмладиот победник на трка на неговото деби со Ред Бул во Шпанија во 2016 година. Хорнер изјави дека изминативе години ќе си го земат данокот кај Хамилтон и Фетел и главен конкурент ќе биде Верстапен.

Мислам дека тој созрева како што видовме оваа година. Тој има доста искуство. Секако е во подобро место да се справи со притисокот кој е околу него.

Версапен беше на насловните по трката во Бразил откако имаше физичка пресметка со Естебан Окон по сударот на трката.

Тој се врати, а стујардите мораа да донесат тешка одлука. Дали да се казни или не. Мислам дека тоа му беше добра вежба за да види како е од другата страна на оградата откако својата казна мораше да ја отслужи со стујардите на Формула Е трката во Мароко.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.