Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, уверува дека нивниот возач Даниел Рикардо, добива идентичен третман како и тимскиот колега Макс Верстапен. Австралијанецот го напушта Милтон Кинс на крајот на сезонава, а 21-годишниот Верстапен станува се понкурентен и поконстантен како што одминува сезонава.

Акцентот е секогаш вадење на максимум од двајцата возачи. На секоја трка добиваат идентична можност.

Разликата ја прави тоа што тие ќе го направат на патеката на крајот на денот, а тоа ќе биде случајот се до последната трка во Абу Даби – изјави Хорнер.

Кристијан не пропушти да потенцира дела придонесот на Рикардо во развојот на болидот било огромно и тоа многу се цени.

Се потпираме на него колку што можеме повеќе. тој сеуште ни дава страшно добар и прецизен фидбек. Нема никаква разлика во алокацијата на деловите помеѓу него и Макс.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.