Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан , верува дека оваа сезона можела да биде многу поинаква доколку неговиот тим имал на располагање 50 коњски сили повеќе.

Макс Верстапен и Даниел Рикардо победија на по две трки годинава, а младиот холанѓанец освои повеќе поени дури и од Луис Хамилтон во вториот дел од сезоната и заврши пред вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, на крајот од првенството.

Следната година Ред Бул ќе вози со мотори на Хонда со цел да има помоќен и поиздржлив пакет и секако да се приближи до Мерцедес и Ферари.

лесно е да се каже “што би се случило, доколку би се случило“, но мислам дека доколку имавме 50-тина коњски сили повеќе во нашиот болид, сезоната ќе беше поинаква. капа доле на сите во милтон кинс што ја произведоа без сомнеж најдобрата шасија.

ако ги погледнеме другите тимови кои возеа со мотор како нашиот, разликата е светлосни години – горд е хорнерн.

На последите неколку трки од сезоната, Ред Бул ја користеше последната спецификација мотор од француски Рено, но тврдеа дека последната 3та спецификација која Хонда ја донесе за Торо Росо е посилна од нивната.

сигурно дека следната година ќе биде многу поизедначено од оваа. она што го гледаме на хартија и во производство е една работа, но штоперицата на крајот од денот никогаш не лаже.

Моторот на Гасли во Абу Даби имаше протекување на масло, така што тоа беше прво откажување поради дефект на мотор на Хонда оваа сезона од првата трка во Австралија, каде Торо Росо се откажа поради дефект о топлинскиот МГУ-Х дел.

траекторијата на хонда е во нагорна насока, а издржливоста е нешто што и ние го немаме. сезонава имавме 11 или 12 откажувања од трка, тоа е нашата најголема маана. ако стигнеме до дополнителна моќ и издржливост како екипите пред нас, тогаш ќе биде одлично. Луис Хамилтон имаше само една незавршена трка годинава, а исто и себастијан фетел, тоа го сакаме и ние.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.