Хорнер смета дека Фетел бил преамбициозен

172
   

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, верува дека обидот на Себастијан Фетел да го мине МАкс Верстапен бил преоптимистички, а во исто време е задоволен од одлуката на стјуардите да не казнуваат никого. Двајцата се судрија на Спун свиокот борејќи се за 3то место на почетокот од трката, а потоа се обвинија еден со друг за инцидентот.

Тој беше преголем оптимист и мислам дека стјуардите донесоа вистинска одлука. Дојде од многу далеку позади, а кривината е многу брза без некое значително сопирање, а знаете дека Макс никогаш нема да се откаже и да отстапи простор, по што сударот беше неизбежен.

Видовте дека од нашиот болид летнаа некои аеродинамички делови и загубивме дел од потисната сила, така што мораше да се подесат некои работи од внатре за да се компензира за тоа.

Не беше идеално, но тој имаше добар пакет и добар ритам на трката по што на крајот го предизвика и Валтери Ботас за 2то место на трката – анализира Хорнер.

Претходно, Верстапен доби казна од 5 секунди за небезбедно враќање на патеката откако попушти под притисокот на Кими Раиконен и ја промаши последната шикана од првиот круг.

При такви инциденти стјуардите може да донесат каква сакаат одлука. Може да кажете дека се работи за тркачки инцидент затоа што му се закочија тркалата и се врати на патеката и веројатно не беше свесен каде во тој момент се наоѓа Кими. Сепак, ние ја прифаќаме казната.

Тој беше сконцентриран да се врати на патеката и поради тоа што Кими не му беше во ретровизорите не го виде каде се наоѓа.


Хорнер смета дека Фетел бил преамбициозен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>