Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека планот на Либерти Медиа за ограничување на буџетите би можел да значи значителна предност за големите екипи, поради што тој посакува друг начин за намалување на трошоците.

Формула 1 екипите моментално се во преговори со сопствениците Либерти Медиа околу големината и сеопфатноста на лимитот на трошоците кои се планирани за 2021 година.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Но, комплицираниот начин за исполнување на истите, дополнето со различните начини на кои се структуирани компаниите, укажува на проблеми кои би се појавиле при изедначување на гридот.

За Хорнер, чијашто екипа Ред Бул е самостојна организација од компанијата за енергетски пијалоци, начинот на кој Мерцедес и Ферари имаат организации блиски до производителите го загрижува бидејќи тие би имале можност да искористат “сиви“ области во процесот.

Тоа што е премногу важно за Ред Бул е што ни се дадени еднакви можности како нашите конкуренти, Ферари и Мерцедес.

Веруваме дека го заслуживме тоа, земајќи го во предвид нашето постоење во Формула 1 и особено важно е било какви финансиски рестрикции да се донесат во спортот на фер и еднаков начин, а не на начин кој ќе дискриминира една екипа.

Финансиска регулатива е екстремно тешка работа за ФИА да ја спроведува, а чекаме со интерес да го видиме нивниот предлог за истото – вели Хорнер.

Се претпоставува дека еден од предлозите кој е земен во предвид е да се има различни верзии на ограничувањето за екипи со различна структура. На тој начин, производителите ќе се третираат поинаку од независните приватни екипи.

Но Хорнер е скептичен дека тоа би било фер и вели дека на некои екипи ќе им се овозможи “задна врата“ преку која ќе ги кријат трошоците.

Не сметам дека постои екипа во Формула 1 која не сака да ги намали трошоците. Нема да ги намалите трошоците на сите на нивото на некој како Заубер, така што ќе мора да има средина.

Ќе мора да постои компромис во одреден момент. На крајот големите екипи нема да бидат среќни, но ниту малите екипи нема да бидат среќни со тоа. Тоа е вистинскиот компромис.

Критично е да се има пропорционален начин, активностите да не бидат скриени низ активностите на други во групацијата, како на пример, ако имате Формула Е екипа, ако сте дел од автомобилски производител, или ако поднесувате извештаи од само една сметка.

Секако дека тоа не важи за седум од 10 екипи, но за трите на врвот, тоа е значителна конкурентска предност, ако една екипа успее да ја искористи таа предност – додаде Хорнер.

Кристијан смета дека подобро долгорочно решение е да се намалат трошоците преку принудени правила, како стандардизација на повеќе делови или рестрикции на делови на болидот каде тимовите би можеле да инвестираат многу пари.

Ова е тежок проблем за Либерти и како би можеле да го постигнат тоа?

Мерцедес денес има луѓе кои се вработени преку снабдувачи и дилери кои работат на нивната Формула 1 програма. Како ќе го ограничите тоа?

Поради тоа сметам дека е важно да се намали притисокот на ограничувањето и решението да биде повеќе преку бројот на надградувања, типот на деловите, стандардизација, области кои не се активни. Зошто да не? – заклучи Хорнер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.