Хорнер смета дека новите правила се избрзани

86

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека промените на правилата во 2019 година се избрзани и смета дека нема да имаат големо влијание врз тркањето. Формула 1 и ФИА решија да воведат промени кај предниот дел од болидите со цел поблиско тркање и полесно претекнување откако истото станува се подефицитарно за време на трките.

Понекогаш спортот има таква можност да се застрелува сам во нога. Работата која е направена за 2021 година е добра, проблем е тоа што е превземено за следната година, а не е целосно анализирано и не се извлечени заклучоци од истото. Целата работа е избрзана и донесени се сет на правила кои се во конфликт со постоечките така што во моментов се обидуваат да го исправат тоа.

Филозофијата на болидот е целосно променета затоа што предното крило ќе биде пошироко и целосно различно. Поентата е дека воздухот се судира во предниот дел, крај предното крило и дека менува се потоа, суспензијата, шасијата, буквално се потоа.

Зборуваме за трошоци и одговорно трошење, но тоа што е воведено е целосно нов концепт за кој ќе треба милиони фунти за да се развие. Целата работа беше избрзана по Мелбурн затоа што таму немаше многу претекнување, но никогаш не ни имало престигнување на таа патека. Но, оддтогаш повторно имаме одлични трки со многу претекнување.

Би требало да се занимаваме со изгледот на патеките и компонентите на гумите и начинот на кој тие влијаат на трките многу повеќе одошто дизајнирање на болиди одново кое чини многу.

Фрустриран сум поради тоа што се носат одлуки без никаков доказ и никаков заклучок, чисто теоретски, а трошоците кои се наметнуваат на екипите ќе бидат огромни. Веројатно дека нема да видиме поблиско тркање и повеќе претекнвуање следната сезона – објасни Хорнер.


Хорнер смета дека новите правила се избрзани

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>