Кристијан Хорнер е свесен дека сезонава целосно припаѓа на Мерцедес и дека само екипата од Бракли може да си ја загуби титулата.

Луис Хамилтон и Валтери Ботас имаа пет 1-2 победи на исто толку трки сезонава, а британскиот актуелен првак има двојно повеќе поени од третопласираниот Макс Верстапен.

мислам дека сезонава е на мерцедес. видете ги првите пет трки, освоија максимални поени, но годината е долга и ние мораме да размислуваме за секоја трка посебно.

навистина доминраат во однос на перформансите. секогаш се силни во барселона, но мислам дека пет 1-2 победи по ред е доминација – реален е хорнер.

Формата на Мерцедес најави повторување на 1988 година кога Мекларен Хонда загуби само една трка во сезоната.

се сомневам дека ќе победат на секоја трка. 21 трка и да се победи на сите, никогаш не вели никогаш, но тоа би било пеколно тешко изводливо. секој може да биде победен затоа што формула 1 е тимски спорт и тука се најсилнит еекипи во светот.

мерцедес во моментов се во ритам, но ништо не трае вечно, а наша работа е да победуваме и да одговараме на предизвиците.