Хорнер смета дека Квјат сеуште ги нема преболенo

154
   

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека старо-новиот возач на Торо Росо, Даниил Квјат, сеуште го нема преболено она што му се случуваше порано со биковите. Русинот влезе во Формула 1 со Торо Росо, експресно беше прекомандуван во Ред Бул, но во 2016 година беше вратен во “младинскиот“ тим, а потоа и избркан.

Квјат сезонава ја минува како возач во симулатор на Ферари, но следната ќе се врати на трка повторно во Торо Росо.

Новата шанса е одлична работа за Даниил. Јасно е дека пред 12 месеци доживеа огромен удар кога го загуби местото, но мислам дека има шанса да го поправи тоа.

Неговиот внатрешен развој може да се почувствува и мислам дека е многу подобар психолошки затоа што во 2016 година се немаше соодветно развиено. Вршеше одлична работа во Ферари, тие ја ценеа неговата работа и убаво е што добива нова шанса кај нас.

Отпуштање возач е многу тешка работа, беше тешко за него, но ја наведна главата и рабптеше напорно за да се врати во тркачкото седиште – појасни Хорнер.

Кристијан откри дека бил импресиониран од Квјат за време на неговиот прв престој во Ред Бул.

Во 2015 година беше одличен, трките во Монтрал и Мексико му беа особено добри, но во 2016 година ја загуби формата. Ова ќе биде втора шанса за него, сеуште е млад и гладен, а малку време надвор од Формула 1 ви даваможност да се освежите, одморите и надградите.

Тој е многу талентиран, беше првак во ГП3 во 2013 година со Карлос Саинз како негов колега. Секогаш одржувал добар однос со Ред Бул и признава дека тие му дале можност. Продолжи да работи и еве го назад на гридот.

Сигурен сум дека следната година ќе биде одличен затоа што има многу пвоеќе искуство, а млад е и ќе има одлична кариера.


Хорнер смета дека Квјат сеуште ги нема преболенo

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>