Кристијан Хорнер даде свое видување во врска со причините кои доведоа до непродолжување на соработката помеѓу Даниел Рикардо и Ред Бул и заминување на возачот во конкурентнскиот Рено.

Веројатно тој почувствува дека по пет години му треба нов предизвик. Јасно е зошто одбра да отиде во Рено, затоа што тие се екипа во раст и развој. Тој одлично ги познава производите на Рено од сите години минати кај нас и не можам, а да не спомнам дека веројатно сака да биде главен во некоја помала околина.

Конкуренцијата помеѓу него и Макс стана доста интензивна. Макс се повеќе расне и се развива, а мислам дека Рикардо одлучи дека сега е вистинско време да се одјави од кај нас и да проба нешто друго. Гледа дека Макс се развива во однос на брзина и силина и не сака да биде негова поддршка.

Не дека тие се третирани различно од екипата, но не можам да не спомнам дека веројатно тоа е голем дел од неговата одлука. Можев да разберам доколку минеше во Ферари и Мерцедес, но во овој момент од неговата кариера тој превзема голем ризик – смета Хорнер.

Тимскиот шеф откри дека тие направиле се што можеле за да го задржат австралијанецот крај себе, му гарантирале еднаков статус со Верстапен и целосно биле подготвени да ги задоволат неговите финансиски барања за да го задржат. Но на крајот, сето тоа било бадијала.

Изгледаше како да сакате да убедите девојка да излезе со Вас, но таа се противи. Правевме се што можеме за да се случи тоа што го сакавме, но доколку нечие срце не сака, не може поинаку. Му понудивме на Даниел се што сакаше, но и тоа не беше доволно за него.

Дури бевме подготвени и да потпишеме едногодишен договор за да може следната година доколку го побараат Ферари или Мерцедес да мине кај нив.

Не се работеше за пари или статус, посветеност или траење. Сметам дека сакаше во овој момент од својата кариера да проба нешто друго. Можеби овој негов потег ќе го однесе на следно ниво, а можеби и ќе се кае – заврши Хорнер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.