Хорнер: Проблемите на Рикардо не смее да се случуваат!

108
   

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, вели дека проблемот со моторот на Рено кој ги уништи квалификациите на Даниел Рикардо за Јапонското Гранд При не треба да се случуваат на ова ниво.

Откако помина од К1 на осмата позиција, Рикардо искуси откажување во моторот на почетокот на К2 без постигнато време и ќе стартува од 15то место. На тимот му е дозволено да го промени делот додека болидот е во Парк Ферме без дополнителни казни.

Фрустрациите за австралијанецот и тимот е што тој зема грид казни и стартуваше од задните редови во Монца и Сочи во обид да имаат мирно возење до крајот на сезоната. Хорнер беше јасен со своите чувства по уште едно откажување поврзано со Рено.

Гадно ми е поради Дани, навистина Не е негова вина, изгледа дека е дел поврзан со гаста во моторот. Тој очигледно дека е крајно разочаран. Тоа е нешто што не смее да се случува на ова ниво – вели Хорнер.

Од Рено велат дека делот кој се расипал досега нема проблеми и дека дизајнот на истиот е ист цела сезона, во А, Б и Ц спецификациите на моторите, што пак значи дека откажувањето не е поврзано со новиот мотор.

Не сме забележале голем проблем со тоа во минатото. Тоа е дел кој е надвор од параметрите, може да се промени без да се стартува од боксовите или со казна. Не е поврзано со Ц спецификацијата.

Не, нема да дискутирам со Хорнер повеќе. – изјави Абитебол.


Хорнер: Проблемите на Рикардо не смее да се случуваат!

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>