Шефот на , Кристијан , смета дека е клучно неговиот нов возач Пјер Гасли да добие време претсојнава сезона затоа што смета дека французинот бил промовиран во сениорската екипа многу брзо.

Гасли е доведен во Милтон Кинс како замена за Даниел Рикардо откако австралијанецот реши да мине во фабричакта екипа на Рено. Ред Бул се познати по безмилосноста кон возачите кои не носат резултати, но Хорнер откри дека ќе му биде дадено време на Пјер да се прилагоди чекор по чекор.

пјер е многу брз возач, а ние треба да му дадеме шанса и малку време за да се прилагоди. неговата промоција во ред бул дојде побрзо одошто сакавме и се надевавме, така што макс ќе ја има улогата искусен возач додека пјер не се прилагоди на конкурентниот колега – смета кристијан.

Тимскиот шеф признава дека Гасли нема да може веднаш да се бори со Верстапен и да има перформанси на негово ниво, но исто така е свесен дека французинот знае точно што треба да направи.

нема да биде лесно, секако дека е така, но тој знае што очекуваме од него. за тимот сценариото е многу полесно одошто претходнит егодини кога имавме голема разлика помеѓу искуството и очекувањата од дваојцата возачи.

возачите секогаш учат, а верстапен е толку млад и мислам дека стана јасно дека сите возачи грешат. верстапен добива се повеќе на искуство и ќе биде уште подобар – заврши хорнер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.