Хорнер презадоволен со “мега“ круговите на Верстапен

86
   

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер е импресиониран од начинот на кој Макс Верстапен ја извозе својата роденденска трка во Недела. Поради промена на моторот и менувачот, холанѓанецот ја почна трката од последниот ред, до крајот на првиот куг веќе беше 13ти, а во 8от круг беше 5ти.

Тоа беа најдобрите неколу кругови кои ги имам видено, всушност беа “мега“ кругови. Изгледаше како старт на мокра трка за него, ги минуваше болидите од каде стигне, беше страшно брз и многу ефикасен. Има извозено многу силни трки, но оваа беше неверојатно напаѓачка – го прокоментира Хорнер изданието на Верстапен во Сочи.

Холанѓанецот водеше на трката 24 кругов пред своето задолжително менување на гуми, по кое се приклучи на 5то место каде и ја заврши трката. Тимскиот шеф објаси дека се надевале на безбедносно возило и поради тоа толку долго го оставиле возачот на патеката.

Безбедносното возило беше единствена реална шанса за нас и тоа го имслевме цело време додека тој беше на граница на своите гуми и јавуваше дека истите веќе се при крај.


Хорнер презадоволен со “мега“ круговите на Верстапен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>