Хорнер презадоволен од смирениот Рикардо

74

Кристијан Хорнер не можеше да го изнафали Даниел Рикардо по победата од старт до цел во Монако, иако имаше сериозен проблем со моторот на Рено во неговиот РБ14 болид. Во 28от круг австралијанецот пријави проблем со моторот, а по трката се дозна дека истиот бил во МГУ-К кинетичкиот дел од агрегатот.

Тој успеа да изменаџира со секој детал како да беше на некоја неделна прошетка. Ми јавуваа дека ќе мора да го повлечеме болидот 1 или 2 круга по ред, но решив да останеме во трка, да продолжиме напред и да пробаме со поместување на подесувањата од воланот, да штедиме гориво, менаџираме сопирачки, вадиме максуимум од гумите. Тој имаше неверојатна трка, беше неверојатн цел викенд.

Загуби речиси 25% од моќноста на моторот, а потоа, поради начинот на кој овие мотори работат, температурата во задните сопирачки се зголеми премногу. Мораше да ги лади сопирачките, да го лади целиот болид, испушташе гас многу рано за да го постигне тоа, го имаше Себастијан Ветел зад себе, не смееше да погреши, справи со се.

Го слушате каков е во болидот, кога нешто ќе тргне наопаку не паничи, нема поинаков глас, прашува што може да направи, како да го направи тоа и овој пат се испалтеше. Не можам доволно да го изнафалам за оваа победа особено по 2016 година кога јасно беше дека имаше катастрофална трка. Навистина сум горд што успеа да победи во Монако – изјави Кристијан Хорнер.

Воедно, ова беше победа за Ред Бул на нивната 250та Гранд При трка, нешто што веројатно многу ќе влијае на одлуката на Рикардо да остане во екипата во иднина.

Не знам дали неговата цена многу скокна или љубовта кон тимот е поголема, веројатно двете работи. Јасно кажав многу пати дека сакаме да го задржиме Даниел.

Годинава тој има исто победи како Луис и Себастијан во првенството и јасно е дека можеше повеќе во Бахреин и Баку. Има уште многу од првенството, а ние имаме одличен болид – заврши Хорнер.


Хорнер презадоволен од смирениот Рикардо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>