Хорнер потврди дека го сакаат Квјат

128

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, потврди дека размисуваат д го вратат Даниил Квјат во тимот за 2019 година. Неговата Формула 1 кариера беше прекината лани кога Ред Бул решија целосно да се откажат од неговите услуги, иако освои ГП3 титула со нивна поддршка во 2014 година.

Русинот стигна и до Ред Бул, но беше вратен во Фаенца за да направи место за промоција на Макс Верстапен, а сезонава ја одработува како тест возач на Ферари и работи во симулаторот во МАранело.

На Торо Росо им требаат возачи за следната година откако решија да го пратат Пјер Гасли во Ред Бул, а не се многу задоволни од тоа што им го донесе Брендон Харли сезонава. Дополнително, ниеден возач од нивната Академија нема доволно поени на својата суперлицнца за да може да вози Формула 1 болид.

Секогаш има многу гласини во овој период од годината. Секогаш е тоа околу Монца. Мислам дека ситуацијата во Торо Росо е целосно отворена и сите размислуваат за тоа кој ќе вози следната година таму, затоа што многу возачи се во игра – појасни Хорнер.


Хорнер потврди дека го сакаат Квјат

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>