Хорнер охрабрен

93

Кристијан е охрабрен од ритамот кој го имале Макс Верстапен и Даниел Рикардо на квалификациите во Канада откако двајцата беа на 4 десетинки од пол позицијата на патека која бара многу од моторот.

Макс ќе стартува од вториот ред откако се квалификуваше на 3то место, додека Рикардо ќе биде ред зад него и ќе тргне од 6то место до Кими Раиконен.

Имавме навистина возбудливи квалификации со мали разлики помеѓу времињата што е особено охрабрувачки за нас на ваква патека.

Макс покажа одлични перформанси со своето 3то место помало од две десетинки од пол позицијата со што го потврди силниот викенд кој го има во Монтреал. Тој беше најбрз во вториот квалификациски сегмент. Даниел ќе стартува од 6то место откако таму ги заврши квалификациите, но со мал заостаток во онднос на оние пред него – појасни Хорнер.

Кристијан откри дека се одлучиле да почнат на хиперсофт затоа што таа гума им гарантирала минување во следната фаза за разлика од Ферари и Мерцедес кој ќе почнат на ултрасофт, гума која е едно скалило потврда.

Одбравме да почнеме со различна стратегија во однос на нашите конкуренти и ќе тргнеме со хиперсофт, така што ќе биде интересно да се види што ќе донесе трката.


Booking.com

Хорнер охрабрен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>