Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, застана во одбрана на Макс Верстапен по физичката пресметка помеѓу неговиот возач и Естебан Окон како резултат на сударот кој го чинеше холанѓанецот победа на Бразилското Гранд При.

Верстапен беше удрен од страна на Окон, кој заостануваше веќе 2 кругови, а откако се изврте, Верстапен се врати на втората позиција позади среќниот Луис Хамилтон.

По трката, разбеснетиот бик, Верстапен, беше забележан од камерите во физичка пресметка со Окон во просторијата за задолжително мерење.

Мислам дека Макс беше прилично сталожен во таа ситуација. Го чинеше Гранд При победа. Тој возеше со сето срце со уништен болид. Естебан треба да биде среќен што помина само со буткање, да бидам искрен. Емоциите се многу големи во тие моменти.

Му реков само да се контролира во кругот по завршување на трката бидејќи ја изгуби победата, не поради своја вина и тоа е голема фрустрација за него и за екипата.

Направивме се како што треба, Мерцедес ги “решивме“, ги претекнавме Ферари. Голема фрустрација за сите е да се изгуби победа поради заостанат болид – изјави Хорнер.

Окон ги претекнуваше болидите од средината, стартувајќи од 18то место по грид казна и само што влезе во бокс за нови суперсофт пневматици, по што се обиде да се врати во водечките кругови преку претекнување на лидерот, Макс Верстапен.

Јасно е дека како заостанат болид не треба да му пречите на лидерот. Што ли си мислеше Окон во тој момент, само питачите знаат.

Форс Индија се брзи на правците, го знаеме тоа. Но зошто би се тркал против лидерот? Заостануваше еден круг. Ја немаше потребната форма. Едноставно нема никаква логика сето тоа.

Огромно постигнување е што Макс го стигна Луис повторно, со половина од подот оштетен, со недостаток на потисна сила. Тој го возеше болидот до максималните можности обидувајќи се да го притисне Луис.

Забележавме дека предните пневматици на Луис беа оштетени. За жал, со уништен болид, Макс немаше доволно перформанси за да го стигне – додаде Хорнер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.