Поминаа пет години од Малезиското Гранд При во 2013 година кога Себастијан Ветел ги игнорираше тимските наредби и му ја одзема победата на својот колега Марк Вебер, а Кристијан Хорнер открива дека тоа било мотивирано од освета на германецот. Вебер и Ветел беа еден до друг во најголем од од 56те кругови во Сепанг и имаа предност во однос на тандемот на Мерцедес, Хамилтон – Розберг така што на 10 кругови пред крајот двајцата добија “Мулти 21“ дојавва од боксот што значеше да ги задржат своите позиии, да не се напаѓаат, односно болидот број 2 на Вебер да остане на првото место, а Ветел да не го напаѓа зад него.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Но, Себастијан не се согласуваше со тоа и почна да го напаѓа Вебер во 45от круг изборувајќи се за водството и победата, додека австралијанецот беше благо речено бесен. Мотивот на германецот бил многу подлабок од само победа на трката, тој се “запалил“ од нешто што се случило неколку месеци порано, односно за време на последната трка во претходната 2012 година.

Себастијан се бореше со Алонсо за титулата, а Марк го притисна до ѕидот кој ги дели боксовите во Бразил на трката на кој се одлучуваше титулата. Тој потег на Вебер резултираше со минување од страна на Бруно Сена, Ветел беше гневен на Марк, а и јас не бев задоволен со тој потег.

Пред трката разговаравме дека Марк не беше во конкуренција за титула и требаш да даде се од себе како пдодршка и помош за својот колега. Токму таквиот негов потег доведе до она што се случи во Малезија, буквално две трки подоцна и точно четири месеци подоцна.

Дојдовме до ситуација кога Марк беше напред, а Себастијан на нови гуми зад него. Гумтие беа многу осетливи и поради тоа им рековме да си ги задржат позициите, а себастијан ни одговори “еб*** се“ – се присетува Хорнер.

Тимскиот шеф смета дека одмаздата го натерала германецот да ги игнорира тимските наредби со цел да го мине Вебер поради потегот што тој го направи во Бразил и речиси го чнеше титула. Инцидентот имаше длабоки последици во екипата која мораше да воведува ред преку тимски наредби.

Кристијан се потсетува дека во тој период имало и еден момент за паметење кога бил поканет на кралски ручек во Бакингемската Палата.

Бев поканет на ручек кој го организираше Кралицата и Војводата од Единбург. Очекував таму да има 200 луѓе, но излезе дека бевме само десетмина. Бев во бизарна ситуација, најпрво се расправав со возачите, а потоа ручав со Кралицата и Принцот Филип објаснувајќи им што значи “Мулти 21“ и зошто австралијанецот не бил задоволен од германецот.

Замислете, тоа го зборував во текот на ручекот со Кралицата и излгледаше деа таа се интересира навистина за тоа, но и за трките со коњи. И Принцот Филип исто така се интересираше и сакаше да знае што ги прави болидите толку брзи. Тоа беше многу чудна ситуација – заврши Хорнер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.