Првиот човек на Ред Бул, шефот Кристијан , смета дека Либерти Медиа мора да признаат дека новите аеродинамички правила за 2019 година се грешка и дека истите нема да направат некоја разлика на патеката.

Поради малите аеродинамички промени, тимовите мораа да направат целосно нови болиди, а насоката беше да се подобри следењето и претекнувањето. Се работи за ново и многу поедноставно предно крило и странички крила, но промени има и кај задното крило.

не мислам дка правилата нешто ќе променат. од тоа што го гледаме, карактеристиките на болидот се малку различни во различни области, но во однос на следењето а два болиди, не мислам дека ќе има некаква разлика.

мислам дека на почетокот на гоидната некои луѓе ќе ја “погодат работата“ со новите правила, а некои “ќе утнат“. потоа, развојот и еволуцијата ќе продолжат и веројатно екипите ќе се изедначат – појасни хорнер.

Промените дојдоа откако челниците на спортот не беа задоволни со бројот на претекнувањата уште на отворањето на сезоната во Австралија.

мислам дека и тие ќе признаат дека беше грешка што толку се избрза со промени кај крилата годинава. одбраа нешто во изолиран концепт за 2021 година и го ставија тоа на денешен болид.

како и секогаш, нема магично стапче што ќе реши се и ќе го направи тркањето поинтересно. ново предно крило нема да донесе повеќе претекнување, наивно е да се мисли така, но и многу скапа. секако, товарот е на тимовите.

Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, откри дека само за развој на предното крило тимот потрошил огромни 15 милиони евра.

Хорнер не очекува повеќе претекнувања годинава во Мелбурн и смета дека претекнувањето е диктирано од карактеристиките на патеката и нејзината широчина.

мислам дека трката во австралија ќе биде иста, проблемот таму не е болидот, туку самата патека. нема голема зона на кочење во бавна кривина во австралија и освен ако немате значителна разлика во брзина тешко е и невозможно да се претекне. така е неколку години, но местото е одлично за трка, иако лимитите на патеката оневозможуваат добро тркање.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.