Хорнер: Не е фер што Вауелс е главниот виновник

223
   

Кристијан Хорнер смета дека било погрешно што стратегот на Мерцедес, Џејмс Вауелс е посочен за главен виновник за лошата стратегија на екипата во Австрија, а тоа дури и самиот инженер го призна преку тимското радио.

Мерцедес пропуштија да го внесат Луис во бокс за време на Виртуелното безбедносно возило, а кога влезе по нови гуми, се врати на 4то место на патеката, по што не беше воопшто задоволен. Потоа стратегот Вауелс ја превзема вината велејќи дека победата не е загубена, храбрејќи го.

Тешко е да се знаат приликит во другите тимови, но потребно е да се победува како екипа и да се губи како екипа. Поради тоа ние никогаш не зборуваме за индивидуи затоа што тоа става под нефер внимание и притисок кон индивидуата. Нашата филозофија е тимска, одговорноста колективна, а не индивидуална.

Секако дека треба да постои одговорност, но тоа се превзема внатре во околината, во средината, во тимот, зад затворени врати, а не на јавна сцена за сите да чујат. Тоа не начин на кој јас работам затоа што мое гледиште како шеф на екипата е дека мораме да ги штитиме вработени и да се осигураме дека ќе бидат претставувани на најдобар можен начин, без разлика дали денот е добар или лош.

Никогаш не сум работел со Луис и навистина не знам што го мотивира, а што не, но малку е бизарно да треба некој (Вауелс) да фрлите “пода автобус“ со цел некој друг (Хамилтон) да се мотивира, фокусира и донесе резултат  заклучи Хорнер.


Хорнер: Не е фер што Вауелс е главниот виновник

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>