Хорнер не го сака хаотичниот Алонсо

278

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, ја отфрли можноста Фернандо Алонсо да ја пополни празнината од заминувањето на Даниел Рикардо во Рено. Во текот на својата 18-годишна Формула 1 кариера, шпанецот често беше поврзуван со “биковите“, но Хорнер смета дека двократниот шампион не би се вклопил добро во екипата.

Имам огромна почит за Фернандо затоа што тој е одличен возач, фантастичен возач, но мислам дека ќе биде тешко да се вклопи кај нас затоа што предизвикува хаос околу себе каде и да вози. Мислам дека нема воопшто да биде здраво Фернандо да дојде кај нас. Ние секогаш преферираме да инвестираме во млади возачи одошто да земеме некој кој е на залезот на кариерата – изјави Хорнер.

Британецот појасни дека преферира да најде возач внатре во тимот и да го продолжи трендот на давање на шанса за млади возачи од својата Академија.

Среќни сме што имаме неколку многу талентирани возачи под договор и мислам дека ќе ги процениме нивните можности на мира и ќе видиме кого ќе одбереме. Имаме многу атрактивен болид за возење така што верувајте дека имаме понуди од доста возачи.

Секако дека ќе ги разгледаме сите опции, но сметам дека ќе продолжиме да ставаме акцент врз возачите кои ги развиваме, нешто што се покажа многу успешно за нас. Ветел, Верстапе, Рикардо, Саинз, Гасли, сите се производи кои ни донеселе резултат и потекнуваат од нашата јуиорска програма.

Саинз и Гасли се многу брзи возачи и поради тоа можеме да бидеме мирни, имаат договор со нас – заврши Кристијан.


Хорнер не го сака хаотичниот Алонсо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>