Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека би било нефер да се очекува од Пјер Гасли да го предизвика Макс Верстапен од самиот почеток на следната сезона, но истакнува дека тимот очекува големи постигнувања од французинот.

Гасли доби златна шанса со преминот во Ред Бул од Торо Росо, откако Даниел Рикардо одлучи да замине во Рено за 2019 година. Но, младиот возач го чека голем предизвик, особено откако нема поминато ниту цела една сезона во Формула 1.

По неколку импресивни трки, Хорнер сепак смета дека Гасли е вистинскиот човек за Ред Бул, дури и да не го предизвика Верстапен од самиот почеток.

Мислам дека ова ќе биде предизвик за Пјер, но тој е подготвен за истиот. Тој доаѓа од истата програма како и Макс и ја заслужува можноста во тој болид. Очекуваме големи постигнувања од него наредната сезона.

Не би било фер да очекуваме од него веднаш да го предизвика Макс. Мора да му дадеме време да се вдоми во тимот.

Сметам дека Макс е во многу добра форма, а тој е еден од најдобрите таленти во спортот моментално. Очигледно Даниел имаше потешкотии во квалификациите против Макс годинава, но нивната форма во трка е мошне споредлива. Следната година ќе му дадеме можност на Пјер, но мислам дека тој има одлични способности.

Тој е само една година во Формула 1, но имаше одлични трки досега. Ако погледнете кон Бахреин, Монако и Унгарија, тој имаше навистина добри трки – вели Хорнер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.