Хорнер: Нека инвестира Тото за да му помогне на Окон

179

Кристијан Хорнер од Ред Бул смета дека доколку неговиот колега тото Волф вистински сака да му помогне на Естебан Окон може да го “одврзе ќесето“. Шансите на талентираниот француски возач за останување во спротот секој ден се се помали, а австриецот Волф ги обвини другите тимови дека не го испочитувале она што го ветиле.

Се зборуваше дека Естебан има преддоговор со Рено, но французите се одлучија за Даниел Рикардо, а поради Ленс Строл, Окон ќе стане прекуброен во Форс Индија.

Ние инвестиравме во екипа, Торо Росо и сигурен сум дека ако Тото пишува чекови лесно ќе може да му најде место на Окон, во Вилијамс на пример. Тие имаат двајца силни возачи во Окон и во Џорџ Расел и ќе биде вистинска штета да не ги гледаме во Формула 1. Можеби на крајот Тото ќе треба да се ослободи од нив еден ден и ќе биде штета да не возат во Формула 1 токму поради Мерцедес – смета Хорнер.

Ред Бул следната година ќе го повлечат Пјер Гасли од јуниорскиот тим давајќи му шанса во моќниот Ред Бул, така што Хорнер смета дека “сребрените“ треба да размислат за финансирање на своја екипа која би ја пополнувале со свои млади возачи.

Инвестирање во своја младинска екипа е единствениот исправен начин и тоа се исплатува со Себастијан Ветел, Даниел Рикардо, Макс Верстапен и сега Пјер Гасли. За нас тој принцип е во ред. Проблем со Тото е тоа што тој има талентирани возачи, но нема доволно места за нив и тоа ќе биде голем проблем.


Booking.com

Хорнер: Нека инвестира Тото за да му помогне на Окон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>