Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, сметал дека Даниел Рикардо се шегува кога му се јавил во Четврток и му соопштил дека нема да потпише нов договор со екипата. Но, австралијанецот за промена бил многу сериозен.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Според британски Daily Mail, возачот имал усогласен договор со Ред Бул согласно кој требало да остане тимски колега на Макс Верстапен и следната година, откако инсистирал на едногодишно продолжување на соработката.

Исто така, маркетинг одделот на тимот имале и претходно снимен видео клип со кој требало да го најават продолжувањето на соработката со возачот, но тој клип нема никогаш да биде емитуван, откако возачот реши да ја промени средината.

Рикардо ги известил одговорните во Милтон Кинс дека нема да ја продолжи соработката со нив и дека ќе замени кај францускиот фабрички тим на Рено каде ќе вози следните две години, за што ќе добива годишна плата од 20 милиони фунти. Весникот Daily Mail додава дека австријалецот едноставно бегал од тимскиот колега Верстапен.

Откако “биковите“ му понудија и потпишаа могу подобар договор со Верстапен, а Кристијан Хорнер изјави дека сакаат да го изградат тимот околу Верстапен, Рикардо не беше воопшто задоволен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.