Хорнер: Макс наполни 21 година, а возеше како ветеран

193
   

Макс Верстапен го прослави својот 21ви роденден во одличен стил на трката во Русија, откако возачот на Ред Бул стартуваше од 19та позиција, а веќе во 14от круг беше во водство на трката, прикажувајќи неверојатни перформанси.

Тој остана на чело на трката се до 10 кругови до крајот и ја заврши трката на петто место. Иако грид казните за агрегатот го спречија да победи, тој се погрижи да биде во центарот на вниманието.

Првите кругови беа мега. Тој наполни 21 година, а возеше како ветеран. Мислам дека тоа беа едни од најневеројатните почетни кругови кои сме ги виделе во подолго време … Тој водеше од 14 круг, се до 42от. Штета е што мораше да застане во бокс.

Се надевавме на безбедносно возило, мислам дека тоа ќе беше единствената реална шанса за подиум. Ако го “збиеше“ гридот во последната третина од трката, можеби ќе имавме шанса.

Од Монако, навистина беше силен. Извозе некои одлични трки. Тој созрева, очигледно веќе има значително искуство и вози на неверојатно високо ниво – изјави Хорнер.

Верстапен јасно беше задоволен со своите перформанси.

Се помина добро. Целта беше да се заврши на петто место, но можеме да бидеме со начинот на кој што го постигнавме тоа.

Имав добар старт и успеав да поминам неколку болиди и набрзо бев петтопласиран, така што тоа беше добро. Мојот болид беше добар и грипот беше моментален, така што лесно можев да поминам. Навистина сум многу среќен со тоа.

Моравме да завршиме со болидот, а немаше простор за подобар резултат. Немаше шанси. Предниот лев пневматик ќе беше уништен по само неколку кругови и неможев да возам агресивно – вели Верстапен.


Хорнер: Макс наполни 21 година, а возеше како ветеран

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>