Според првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер, по лошиот почеток на оваа Формула 1 тркачка сезона, Макс Верстапен во вториот дел на истата покажува дека е подготвен за шампионска титула. Холанѓанецот имаше серија од инциденти на првите шест трки од сезонава, се судираше со своите конкуренти, но пресвртот дојде во Монако каде се судри на тренингот, а потоа “му тргна“.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

По трката во Монако, повеќе поени од Верстапен имаат освоено само Луис Хамилтон и Себастијан Фетел, периоф бо кој стигна до вкупно осум подиуми, два од нив највисоки.

Апсолутно е подготвен за борба за титула. Видовте на викендот во Мексико. Доколку има мотор како и конкурентите, односно пакет како нив, доволно добар возач е да се бори со Мерцедес и Ферари цело време.

Јасно е дека се надеваме дека Хонда, со оглед на напредокот што го прават, ќе не стават во ситуација каде редовно ќе се носиме со конкурентите пред нас, а наше е да имаме оптимална потисна сила и оптимално подесување на пакетот.

Верстапен имаше тежок почеток на сезоната, но од Монтрал имаше неверојатни трки и мислам дека искуството е единствено парче кое недостасува кај него. Сите возачи прават грешки, тоа е очигледно секоја сезона, но само најдобрите учат од нив и ги корегираат.

Има огромен капацитет кога е во болидот и мислам дека има и одличен тркачки мозок. Мора да научи да разбере што ќе се случува во остатокот од трката за да менаџира со својот ритам паметно – појасни Хорнер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.