Новиот тимски колега, Шарл Леклер, би можел да го притисне Себастијан Фетел да најде “ново ниво“ во 2019 година, смета тимскиот шеф на Ред Бул и поранешен шеф на Фетел, Кристијан Хорнер.

Хорнер ги надгледуваше четирите сезони на Фетел во кои освои титули со Ред Бул, но и неговата последна сезона во тимот, во која во поголем дел тој беше поразен од тогаш новодојденецот, Даниел Рикардо.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Иако сеуште не освоил титула со Ферари, Фетел беше подобар од Кими Раиконен во трите години поминати со екипата досега, а Хорнер смета дека замената Леклер најверојатно ќе го направи животот на четирикратниот шампион потежок.

Шарл е навистина возбудлив талент. За спортот, одлично е да се види тоа. Себастијан сега има 31 година, има толку млади возачи кои ги притискаат постојаните возачи. Од гледна точка на спортот, тоа е фасцинантно.

Фетел помина прилично лесно против Кими. Можеби ќе мора да работи понапорно со Шарл и можеби ќе мора да најде ново ниво на перфоманси.

Можеби тоа ќе биде добро за него – вели Хорнер.

Иако Ферари произведе многу поконкурентни Формула 1 болиди во последните две години, Фетел имаше два тешки порази од Луис Хамилтон, додека Скудерија не успеа да го надмине Мерцедес во конкуренција на екипи. Италијанците се очекува да ги зголемат своите инвестиции годинава, а воедно го заменија тимскиот шеф Маурицио Аривабене со Матиа Биното, а исто така го доведоа Брендон Хартли и Паскал Верлејн како возачи во симулаторот.

Сигурен сум дека тој ги поддржува промените и секако има големи очекувања кога сте број еден возач во Ферари.

Има нови колеги, нов менаџмент, прилично многу новини околу него годинава.

Ова ќе биде голема работа за Биното, бидејќи Матиа не може да врши две позиции. Или ќе биде технички директор или тимски шеф и сметам дека најверјатно моментално е во трчање помеѓу двете канцеларии.

Двете се огромни позиции, така што ќе биде процес на еволуција. Тие ги направија промените поради некои причини, одлучија да имаат петти тимски шеф. Со секоја промена на менаџментот, ќе има промена во културата и пристапот, а за тоа е потребно време – додаде Хорнер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.